ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО ГЕОГРАФИЈА ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН

 

Регионалните натпревари по географија за Скопскиот регион ќе се одржат на  18. 04. 2015 година (сабота) во просториите на угостителско-туристичко училиште ,,Лазар Танев со почеток во 10 часот.

 

Непосредната програма за денот на натпреварите ќе изгледа како што следува:

9,00-10,00 часот собирање на учениците и сместување во училниците наменети за спроведување на натпреварот;

10,00-11,30  часот тестирање на натпреварувачите.

11,30-12,00  часот припрема за прегледување на тестовите

12,00-15,00  прегледување на тестовите и утврдување на најдобрите кандидати за Државниот натпревар по географија

15,00 часот  прогласување на победниците 

16,00 часот завршување на регионалниот натпревар за Скопскиот регион