СЕМИНАР ЗА ПРОФЕСОРИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ПО ГЕОГРАФИЈА, 2008 ГОДИНА

Согласно програмските активности, Претседателството на Македонското географско друштво на ден 18.01.2008 година (петок), во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во терминот од 10 до 14 часот организираше стручен семинар за наставниците и професорите по географија од основните и средните училишта. Поради значителниот број на присутни (околу 150 професори и наставници), семинарот се одржа во големиот амфитеатар на Институтот за Информатика при Факултетот. Семинарот беше наменет за стручно усовршување на наставниот кадар во основните и средните училишта, како и за информации поврзани со новите програмски ориентации и новата концепција на деветгодишно образование.

Бројот на присутните укажува на големата заинтересираност за овој семинар. Темите беа следени со внимание и со повеќе прашања од заинтересираните. Дел од презентациите, со дозвола на авторите се достапни во електронска форма на долните линкови.

ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД СЕМИНАРОТ

(достапни се во електронска верзија, во вид на слики)

 

 

Проф. д-р Драган Колчаковски: ОСВРТ КОН КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА ПЛАНИНИТЕ ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО ГЕОГРАФИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Доц. д-р Олгица Димитровска: ТРЕТМАН НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА

Доц. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, Проф. д-р Мирјанка Маџевиќ: ТРЕТМАНОТ НА СОЦИОЕКОНОМСКИТЕ ПОДАТОЦИ ВО НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА

Доц. д-р Ивица Милевски: ПРИМЕНА НА КОМПЈУТЕРСКО-ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ВО НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА

Ивица Гиевски: КОНЦЕПЦИИТЕ НА ДЕВЕТГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ И МАТУРСКИТЕ ИСПИТИ

 

Содржините се за едукативна употреба. Сите злоупотреби и неовластени користења на приложените материјали се забранети.

Страницата ја подготви и ја постави доц. д-р Ивица Милевски.