Почитувани,

Согласно програмските активности, Претседателството на Македонското географско друштво на ден 23.01.2009 година, во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во терминот од 10 до 14 часот организира стручен семинар за наставниците и професорите по географија од основните и средните училишта. Поради навистина големиот интерес, семинарот се одржа во големиот амфитеатар на Институтот за физика при Факултетот. Семинарот беше наменет за стручно усовршување на наставниот кадар во основните и средните училишта, како и за информации поврзани со новите програмски ориентации и новата концепција на деветгодишно образование.

Бројот на присутните укажува на големата заинтересираност за овој семинар. Темите беа следени со внимание и со повеќе прашања од заинтересираните. Дел од презентациите, со дозвола на авторите се достапни во електронска форма на долните линкови.

ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД СЕМИНАРОТ

 

 

Проф. д-р Михаило Зиков: КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ И ВАРИЈАЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Доц. д-р Ивица Милевски: НОВИ СОЗНАНИЈА И ПРАВЦИ ВО ФИЗИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА

Проф. д-р Благоја Маркоски: ДИГИТАЛНИ КАРТОГРАФСКИ ТЕХНИКИ

Проф. д-р Никола Панов: ТУРИЗМОТ И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ

Ивица Гиевски: ЕКСТЕРНО ОЦЕНУВАЊЕ И ОБРАЗОВНИ СТАНДАРДИ

 

Содржините се за едукативна употреба. Сите злоупотреби и неовластени користења на приложените материјали се забранети.

Страницата ја подготви и ја постави доц. д-р Ивица Милевски.