Првата страница од семинарската работа е по стандарден терк, како за останатите семинарски работи.

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ ``СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ`` СКОПЈЕ

ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА

 

 

 

 

 

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПЕДОГЕОГРАФИЈА

ПОЧВЕНИ ПРОФИЛИ

 

 

 

 

  НАСТАВНИК:                                                                            ИЗРАБОТКА:

ДОЦ. Д-Р ИВИЦА МИЛЕВСКИ                                                  ПЕТРОВСКА ИВАНА

                                                                                                        

Скопје, 2007 година

 

 

На втората и третата страница е првиот почвен профил со фотографија (втора страница) и со одговорен прашалник (под фотографијата и третата страница).

На четвртата и петата страница е вториот профил со одговорен прашалник, слично како за првиот профил.

 

ФОТОГРАФИЈА НА ПРОФИЛОТ

 

 

ПРАШАЛНИК:

 

  1. Вид на профил: засек на пат, на канал, отсек, коп и др.
  2. Датум на фотографирање на профилот
  3. Локација на профилот (задолжителни географски координати-географска должина, ширина, надморска височина, потоа положба во однос на блиските населби, реки и др.)
  4. Состојба на времето за периодот на анализа и ден пред тоа (врнежливо, суво, топло-по можност и вредности за температура, врнежи)
  5. Вегетација на локалитетот (шума, ниви, ливади, пасишта, кој тип на шуми ако е познато пр. бука, даб, иглолисна; видови на растенија и др.)
  6. Длабочина на профилот до основната карпа (матичниот супстрат) во см-по проценка или измерено
  7. Морфологија на профилот (застапени хоризонти-пр. A-C, може да се означи покрај фотографијата)
  8. Можен тип на почва според нејзините карактеристики (делувијална, алувијална, ранкер, кафеава шумска и др.)
  9. Дебелина на одделните хоризонти (по проценка или измерено во см)
  10. Боја на почвата и на одделните хоризонти (приближна боја-кафеава, сива, црвеникава, сивокафеава)
  11. Распуканост на почвата-порозност (малку или значителна, видливи пукнатини на површината, длабоки, плитки, широки)
  12. Водни карактеристики (влажна, сува, цедлива, леплива)
  13. Геолошки состав на теренот во областа или на матичниот супстрат (од геолошка карта, проценка или други сознанија)
  14. Наклон на почвата (генерално во степени или %)
  15. Експозиција на почвата (ако е мал наклон тогаш отсуствува)
  16. Искористеност на почвата (за ниви, за овоштарници, лозја, голини)
  17. Антропогени влијанија (загадување, деградација)

На шестата страница се пишува краток коментар за почвата која е утврдена или претпоставена, нејзините генерални карактеристики и распространетоста во Република Македонија

Листовите од семинарската работа треба да бидат споени, а фотографиите залепени или отпечатени во боја. Фотографиите не смеат да бидат копирани од некој материјал туку оригинални, а сите информации земени од некој извор треба да се цитирани на крајот од семинарската работа.

 

Види на: http://geograf.50webs.com